Дека празникот на жената може и малку поразлично да се одбележи од вообичаените прослави, докажуваат и планинарките, членките на планинарската еко група од Битола „Турни ме да кинисам“. Традиционално и оваа година тие 8 -ми март го одбележаа на Баба планина и тоа по патеката: Молика -Копанки- Црвени стени.
Во Битола има неколку планинарски клубови и сите соработуваат меѓу себе, а тоа е и целта на секој клуб дружењето на планина. Овој клуб односно планинарска еко група, оваа година одбележува 8 години постоење.
Пред повеќе години по идеја на неколку планинари се собираат и ја формираат групата, чисто како дружба без некоја формалност. Често се дел од повеќе спортски манифестации кај нас, но и во другите држави и градови од Сплит до Охрид, Скопје и сл. на маратони, планинарски искачувања, спортски тури . „ Да ги поттикнеме младите на здрав живот, со добро дружење и многу смеа“е нивното мото.