Home » Завршна конференција на „Лачо Диве“ и „Сумнал“ за проектот „Ние ги водиме промените“

Завршна конференција на „Лачо Диве“ и „Сумнал“ за проектот „Ние ги водиме промените“

by culturalchat

На 20-ти декември во Скопје (Хотел Парк), Здружението на жени Ромки „Лачо Диве“ и Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ оддржаа завршен настан за проектот „Ние ги водиме промените – We Lead The Changes” со финансиска подршка од Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација ,,РРОМА” ; во рамките на проектот “Romani women POWER OF CHANGE in the Western Balkans and Turkey”.

На завршниот настан се презентираа постигнатите резултати од проектот, беа презентирани премиерно и две видеа од успешни жени Ромки, а исто така беа и доделени сертификати за учесниците на работилниците. Свои говори имаа м-р Сибел Бајрам од „Лачо Диве“, Викторија Михајловска од „Сумнал“ и Урмета Арифовска од „РРОМА“.
Проектот „Ние ги водиме промените – We Lead The Changes” има за цел да ги запознае жените Ромки со начинот на функционирање на политичките системи низ светот со посебен осврт на политичкиот систем во Република Македонија, како и со алатките преку кои жените Ромки можат да земат учество во влијанието врз одлуките.

Во рамките на проектот беа постигнати следниве клучни резултати:
– 22 жени Ромки и Роми од Скопје, Велес и Битола за над 50% ги зголемија своите знаења за политичкиот систем и локална демократија, како и над 60% за антициганизмот;
– Над 20 жени Ромки го посетија Собранието на РМ преку студиска посета на којашто дознаа за тоа како функционира Собранието, а имаа и можност да имаат средба со пратенички од актуелниот состав и да поставуваат директни прашања;
– Над 15 жени Ромки ја посетија Општина Битола, се запознаа со вработените и функционерите во општината и имаа можност да следат како се подготвува седница на совет како и да се запознаат со процесите на донесување на одлуки;
– Беа објавени 3 авторски мотивирачки видеа, од кои 2 беа успешни приказни на жени Ромки коишто треба да ги мотивираат младите девојки да продолжат со образованието;
– Беа подготвени и доставени 2 барања со над шест буџетски предлози до Општина Чаир и Општина Битола со приоритети на ромската заедница во тие општини.

 

Related Articles