Од неодамна во богатата понуда на Купи книга, се најдоа и боенката Македонски орнаменти со етно илустрации и буклетот со 14 разгледници од Македонија, на авторката, фотографката Вера Христовска. Таа помеѓу љубителите на добрата фотографија е препознатлива по своите уметнички ноти кои на карактеристичен начин ги презентира во своите фотографии. Овојпат во насока на промоција на Македонија, се создадени боенката и буклетот.
„ Гледајќи колку многу туристи доаѓаат во Македонија преку цела година, имаме навистина голема потреба од што повеќе промотивен материјал за земјата од страна на секаков вид на туризам. Туристите се доста љубопитни кога доаѓаат и сакат да пробаат разни работи, да посетат што повеќе места и да научат повеќе за Македонската култура. Мислам дека Македонија може многу добро да се промовира ако има одлична организација за тоа, па дури и добро да заработува од туризам“, истакна Вера.
Боенката прикажува дел од македонската етно традиција, која изобилува со геометриски орнаменти, кои претежно ги сретнуваме во народните везови, на носии, марами, чаршафи во разни големини, черги и сл. Боенката презентира дел од нашата култура и ги запознава другите култури со истата и нуди богат избор на цртежи за релаксација на љубителите на ваквите боенки. Истата е наменета за креативна рекреација на лица од секаква возраст. Во средината од книгата има 9 страници со фотографии, примери на традиционалните везови.
Ја запрашавме Христовска како дојде до самата идеја за буклетот и боенката.
В.Х.- Имајќи во предвид дека за боенките во последните 10 години повторно има голем интерес во светот, сметав дека е најдобар формат за прикажување на дел од Македонската етно култура. Боенките глобално се користат во училишта за едукација и релаксација, во клиники за психолошки терапии, па ми беше интересна самата идеја за цртање илустрации за боенка а некому да биде корисна, забавна и да послужи како креативна релаксација. За буклетот со разгледници од Македонија, идејата се крчкаше одамна кога видов дека се продаваат доста стари разгледници, а и тие ретко се наоѓаа. Сакав да испратам на мои пријатели во повеќе земји, бидејќи сме заборавиле дека е радост добивање на разгледница.
Боенката е претставување на шарите од Македонскиот фолклор, етно орнаменти од разни текстилни производи, народни носии и друго.
В.Х.- Геометриските форми се доста интересни, забавни за цртање а убави за гледање. Претходно истражував на интернет какви се видови има, па направив одредена селекција. Наидов и на интересен факт дека во земјите од Јужна Америка орнаментите во нивната култура се скоро исти со нашите илустрации, само со поживи и експресивни бои. Во боенката додадов и неколку фотографии од наш текстил и везови од мајка ми.
За буклетот истакна:
В.Х.- Буклетот со разгледници од Македонија е осмислен како мал формат на книга од кој се вадат разгледниците и содржи 14 фотографии. Додека постоеше книжарата Икона во Битола, имавме договор за откупувањена на мои фотографии за разгледници. Потоа размислував да составам повеќе разгледници во еден пакет, па го направив буклетот. Поддржани од Скопје Креатива, направив и промоции на истиот фестивал за буклетот и боенката.
Мотивите за разгледниците се од различни делови низ Македонија. Има 14 фотографии од Битола, Охрид, Скопје, Преспа, Братин дол. Колку ваквите производи се потребни и неопходни денес за промоција на Македонија?
В.Х.- Гледајќи колку многу туристи доаѓаат во Македонија преку цела година, имаме навистина голема потреба од што повеќе промотивен материјал за земјата од страна на секаков вид на туризам. Туристите се доста љубопитни кога доаѓаат и сакат да пробаат разни работи, да посетат што повеќе места и да научат повеќе за Македонската култура. Мислам дека Македонија може многу добро да се промовира ако има одлична организација за тоа, па дури и добро да заработува од туризам. Кога патуваме во други земји и гледаме колку многу се вложува во промоција на туризам, ние сме далеку од такви промоции и организираност, со мали исклучоци.
За сите заинтересирани, Боенката и разгледниците, може да се набават во SOLAK Gallery & Concept Store во Битола, кај Буба М.Солак или може да ја контактираат Вера. А во Скопје, во книжара Или Или и на страницата на Купи книга на следните линкови:
https://kupikniga.mk/product/makedonski-ornamenti-boenka/?lang=en
https://kupikniga.mk/product/razglednitsi-od-makedonija/?lang=en