Home » „Висок напон“ на Ракометното игралиште во Битола со Ван Гог

„Висок напон“ на Ракометното игралиште во Битола со Ван Гог

by culturalchat

На сцената на Ракометното игралиште во Битола настапија два култни рок бендови -„АРЕА“ и „ВАН ГОГ“. Концертот беше во организација на Сцена продукција кои организираа и дружење на фановите со бендовите, па така обожавателите имаа можност да се фотографираат со Ружица и останатите членови на „АРЕА“ а се разбира и со Џуле и дечките од „ВАН ГОГ“.

Ареа оваа година, го слават големиот јубилеј, 30 години од постоењето на музичката сцена. Еден од ретките македонски рок-бендови кои 30 години создаваат квалитетна македонска рок-музика и имаат голем број фанови. Од 1992 година, создадоа бројни хитови како што се на пример: „Сите мои слики“, „Одведи ме“, „Нешто недостасува“, „Пријател“, „Фреквенција на љубовта“ и уште многу други.

Еден од најквалитетните рок-состави од поранешна Југославија – „Ван Гог“, е основан во јануари 1986 година. Оваа година одбележуваат 25 години од излегувањето на албумот „No Comment“.

И по толку години на сцената, Џуле и другите музичари од бендот и понатаму се неуморни и полни со елан како и на самиот почеток од кариерата. Тоа го потврдија и со овој настап во Битола. Тие не настапуваа за прв пат во градот за Пелистер и изјавија дека едвај чекаа повторно да дојдат.

 

На публиката го подарија своето срце.

 

Но и хитовите:  “Неко те има ночас“, “Списак разлога“, “Кидаш мој свет“, “Лудо луда“, “Анџеле брате мој“, “За године твоје“…

За времето на пандемијата Џуле изјави:

 

„Концертите насловени како „Висок напон“ се симболично име за она што е важно за сите нас, за се што сме поминале. Факт е дека никогаш не сме си дозволиле луксуз да се потпреме на постигнатото, но она што го постигнавме не инспирира да одиме понатаму, да отвориме нови поглавја во работата на групата „Ван Гог“, додаде вокалот на легендарната група. Ван Гог покрај многубројните награди се и двојни добитници на МТВ регионалните награди и тоа во 2007 и 2014година.

 Дел од атмосферата на концертот во Битола во следното видео снимено од Агим Џело.Разговорот го водеше Сашо Ристевски.

 

 

Related Articles