Home » Изложбата на фотографии „Поздрав од Македонија“ наскоро во Македонскиот КИЦ во Загреб

Изложбата на фотографии „Поздрав од Македонија“ наскоро во Македонскиот КИЦ во Загреб

by culturalchat

Во Македонскиот КИЦ во Загреб, се подготвува изложбата „Поздрав од Македонија – Фотографии на македонски фолклорни групи на Меѓународната смотра на фолклорот Загреб“.
Авторки на изложбата се м-р Ивона Опетческа-Татарчевска и Бојана Пољаковиќ Поповиќ.Изложбата е партнерска меѓу Македонскиот КИЦ и Меѓународната смотра на фолклорот Загреб, дел од официјалната програма на 60 издание на Меѓународната Смотра на фолклорот Загреб, најпрестижната манифестација на аматерски фолклор во Хрватска посветена на негување и презентирање на локалното наследство. 60 години традиција, 60 години македонски чекори, песни и носии на сцената во Загреб. Изложбата ќе биде отворена на 03.јули со почеток од 19 часот, во
Македонскиот КИЦ во Загреб.

Related Articles