Вечер во Офицерскиот дом со почеток од 20.15 ч., во рамките на Бит фест 2026 г., ќе се одржи традиционалната манифестација „Поетски синтези“ – поетски фестивал кој обединува врвни поетски имиња, во организација на Здружението за наука и култура Нова од Битола.
Со своја поезија ќе се претстават 18 поети и тоа: Гордана Јовиќ Стојковска, Мирјана Стојановска, Христо Петрески, Сеида Бегановиќ, Јордан Ѓорчев, Љерка Тот Наумова, Елена Пренџова, Весна Мундишевска Велјановска, Даниела Андоновска Трајковска, Никола Илијовски, Милица Димитријовска Радевска, Петре Петрески, Оливера Андоноска, Габриела Стојаноска Станоеска, Тони Павлески, Никола Јованов, Лидија Дочовска Павловска, Мери Арсова. Во музичкот ќе настапи Милена Марковска на виолина. Воедно ќе бидат доделени наградите „Поетска муза“ за најдобра интерпретација на песна и „Поетски хоризонти“ за најдобра стилска композиција на песна.
previous post
