Home » CODE369 со автентичен настап на Широк Сокак во Битола

CODE369 со автентичен настап на Широк Сокак во Битола

by culturalchat

Најфреквентниот пешачки премин на Широк Сокак беше претворен во музичка сцена. Во рамките на БИТ ФЕСТ, битолската култна инди група CODE369 одржа концерт кој ќе се памти по својата оригиналност, привлекувајќи внимание и овозможувајќи им на сите минувачи одлична забава По нивниот лондонски концерт во 2018 година, инспирирани од посетата на легендарното Abbey Road Studio, каде зачекорија по култниот пешачки премин овековечен на обвивката на безвременскиот албум “Abbey Road” на The Beatles, битолската група оживеа една своја посебна приказна. Веќе втора година по ред, оваа идеја ја реализираат, носејќи дел од магијата на Лондон во срцето на Битола.Ексклузивците на една од најреномираните дискографски куќи Кроација рекордс и овојпат ја разиграа и распеаа Битола.

 

 

Related Articles