Home » МНТ со „Страв и надеж“ се претстави на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

МНТ со „Страв и надеж“ се претстави на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

by culturalchat

Македонскиот народен театар на фестивалот се претстави со „Страв и надеж“, по мотивите на Франц Ксавер Крец во режија на Татјана Мандиќ Ригонат. На тркалезната маса за претставата зборуваа директорот на МНТ, Никола Кимовски, режисерката Мандиќ Ригонат, актерките Наталија Теодосиева, Дарја Ризова и Нела Павловиќ.Модераторот Милош Б. Андоновски ја пофали актерската екипа во претставата, која имаше важна задача во претставата со фрагментарна драматургија. Тој посочи дека на претставата и недостигаат амплитуди, односно дека смета дека сцените се развлечени. Режисерката објасни дека е одушевена од реакцијата на публиката и дека храбро е што денес МНТ го поставил овој автор прв пат, а текстот е напишан во 1984 година и станува збор за хиперреализам. Темите на невработеност, на маж што изгубил работа и како се носи со тоа, за сите аномалии на општеството денес, за осаменоста, за луѓето што се плашат да бидат блиски со други луѓе…

-Храбро е овој автор да биде поставен во МНТ, и по повеќе од 40 години откако е напишан текстот, а зборува за сите проблеми што и денес се актуелни. Сите ние имаме потреба да мислиме дека проблемите се само таму некаде, дека не не’ засегаат – рече режисерката.Актерката Наталија Теодосиева истакна дека поголем предизвик и боло кога требала да зборува брзо, односно логореично и конфузно. -За мене беше потешко кога требаше да се спремам за делот во кој зборувам логореично. Мојот лик се бори со осаменоста.

Павловска истакна дека најголем предизвик на сцена и биле сцените со монолог, кога им зборува на празните столчиња. Никола Кимовски најави дека од 1 септември, во МНТ ќе почне да работи режисерот Слободан Унковски, кој ќе го постави текстот „Црно злато“ од Дејан Дуковски, автор во фокус на фестивалот.

 

 

Related Articles