Home » Награда за младинската група на КУД „Илинден“ на фестивал во Албанија

Награда за младинската група на КУД „Илинден“ на фестивал во Албанија

by culturalchat

Младинската група на КУД „Илинден“ – Битола го освои второто место на првиот фестивал „Folkid“, кој се одржа во Дрилон, Поградец – Албанија. На фестивалот се претставија со сценската постановка „На ливада“ од м-р Валентин Соклевски и достојно ја претставија македонската фолклорна традиција, градот Битола и Р.Македонија.Признанието зборува за уште еден од низата успеси на КУД Илинден Битола, кои се амбасадори на македонскиот фолклот насекаде низ светот. Овој КУД во своето долгогодишно постоење е континуирано учесник на Меѓународни фолклорни фестивали, а исто така остварува гостувања на сите континенти, каде ги има презентирано македонскиот фолклор и традиција со голем успех, што резултира со освојување на бројни награди и признанија.

Related Articles