На 13. 04 2026 година во НУУБ„Св. Климент Охридски“-Битола се одржа Ораторски натпревар на тема: „Кому му припаѓаме – на себеси или на туѓите очекувања?“. На овој натпревар учество зедоа 16 ученици од средните училишта во Битола.
Настанот го отвори директорката на Библиотеката, м-р Емилија Стефановска-Давкова посакувајќи им успешно ораторство на младите со зборовите:
„Зборувајте храбро и не плашете се од грешки. Најголемите говорници не станале успешни преку совршенство, туку преку искреност, труд и верба во тоа што го кажуваат.“
Пред присутните се обратија и координаторите на овој настанот:
Симона Петровска, професор по македонски јазик и книжевност од СОУ „Јосип Броз Тито“ која истакна: „Во време кога многумина зборуваат гласно, а малкумина навистина се слушаат, ораторството останува сила што не дозволува мислата да замолчи. Овој натпревар има за цел да се поттикне критичкото мислење, јавниот настап и креативното изразување кај младите.“,
и м-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски, виш библиотекар од НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола која додаде: „Искрено посакувам токму вие да бидете младина што ќе создава подобра иднина — младина што ќе размислува критички, ќе има храброст да поставува прашања, да критикува, да предлага решенија и со својот глас да нè води напред.“
Со свои мисли и ставови, 16 ученици се потрудија да ја убедат тричлената комисија зошто нивниот став е најдобар, зошто нивното размислување е најкритичко, а нивниот збор највпечатлив.
Тричлената комисија во состав: 1. Магдалена Сајковска, наставник по македонски јазик во ОУ „Стив Наумов“ – Битола, 2. Николина Ѓуровска, наставник по македонски јазик и литература во СОУ Гимназија „Јосип Броз – Тито“ – Битола и 3. Гордана Ѓорѓевска Неделковски – виш библиотекар во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, едногласно одлучи дека оваа година, со најдобри ораторски говори се:
1. место – Јана Китановска, II-1, СОУ „Јосип Броз – Тито“ – Битола
2. место – Ана Јоновска, I година, ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ – Битола
3. место – Антониј Кумановски, I клас,Државно музичко училиште – Битола.
Честитки и до останатите учесници и нивните ментори:
– Марија Грчевска, ДСУ Спортска академија
– Матеј Илиевски,I-5, СОУ „Јосип Броз – Тито“ – Битола
-Марија Грчевска, ДСУ Спортска академија
– Александра Ристевска, III година, ДСУ Спортска академија
– Лина Чашитовска, IV-2, СОУ „Јосип Броз – Тито“ – Битола
– Даниела Гашовска:III година, СОЕУ „Јане Сандански“ – Битола
– Јана Андоновска, II-2,СОУ „Јосип Броз – Тито“ – Битола
– Сара Гашовска, II година, СОЗУ „Кузман Шапкарев“ – Битола
– Елена Јаковлевска, I година, СОЗУ „Кузман Шапкарев“ – Битола
– Ивана Стојчевска, II, СОУ „Јосип Броз – Тито“ – Битола
– Јована Колевска, I година, СОЗУ „Кузман Шапкарев“ – Битола
– Софија Гакова, I година,ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ – Битола
– Ена Крстеска, I година, ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ – Битола.
Менторите на учениците – говорници :
• Вилма Костовска
• Елизабета Јончиќ
• Христина Зариевска
• Дијана Котевска
• Филип Марковски
• Никола Трајковски
• Симона Петровска.
„На учениците им посакуваме храбро, слободно и гласно да продолжат да говорат. И една многу честа реченица, но навистина е така: „Без разлика на тоа кој победи денес, Вие сите заслужувате еднаква почит. “, истакнаа од Битолската библиотека.
