Home » Промовирана книгата „Патување до бескрајот“ на Илче Стојановски во НУУБ. „Св.Климент Охридски“ Битола

Промовирана книгата „Патување до бескрајот“ на Илче Стојановски во НУУБ. „Св.Климент Охридски“ Битола

by culturalchat

Во прекрасна атмосфера исполнета со поезија, емоции и музика, во НУУБ. „Св.Климент Охридски“ Битола, се одржа промоцијата на поетската збирка „Патување до бескрајот“ од Илче Стојановски.

Свое обраќање имаше и директорката на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, м-р Емилија Стефановска Давкова, која ја поздрави долгогодишната творечка посветеност на авторот и значењето на литературата како трајна духовна вредност.

Настанот беше вистинска прослава на пишаниот збор и љубовта кон поезијата, збогатен со инспиративниот осврт на проф. д-р Анита Ангелевска, која истакна дека „патувањето“ кај Стојановски е симбол на човековата истрајност, надеж и стремеж кон вечноста. Таа нагласи дека поезијата на авторот охрабрува и дарува оптимизам – вредности што денес ни се повеќе од потребни. Настанот дополнително го збогатија учесниците во поетско-музичкиот рецитал:
Николина Поповска, Марјан Тасевски, Марија Станојовска, со музичка придружба на Владко Симоновски, кои со својата интерпретација внесоа посебна емоција и топлина во вечерта.
Рецензент е Илија Крбалески.
Особена вредност на вечерта беше и донацијата на книги за библиотеката од Весна и Офелија Станковски, со што уште еднаш беше потврдена важноста на книгата како трајно духовно богатство и мост меѓу генерациите.
„Патување до бескрајот“ е уште една потврда дека вистинската поезија остава трага што не завршува.

Related Articles