Home » Битолскиот театар со своја честитка за Светскиот ден на театарот

Битолскиот театар со своја честитка за Светскиот ден на театарот

by culturalchat

Битолскиот театар по повод Светскиот ден на театарот истакнува:

„НУ Народен театар Битола им го честита празникот на сите колеги – на сцената и зад неа.
Театарот е храм на културата, жива материја – се случува сега и овде. Театарот е смеа и солзи во ист здив. Театарот е вистина кажана гласно, кога најмногу треба. Театарот е магија што не се гледа – туку се чувствува. И додека светлата се палат, а завесата се крева – започнува животот… оној најискрениот. Да ни се полни салите, да ни трае аплаузот и да не згасне љубовта кон сцената! Среќен Светски ден на театарот“.Битолски театар овој ден го одбележува со изведба на претставата „Сомнително лице“ од Бранислав Нушиќ во режија на Деан Дамјановски. Денот кога сцената му припаѓа на театарот, а аплаузот на публиката, НТБ го слави со легендарната комедија, а за верната публика им ги понуди влезниците со 50 проценти попуст.Оваа година планирани се девет проекти, како и три гостувања: “Пинокио” од авторот Карло Колоди, во режија на Деан Дамјановски, која веќе имаше премиера, “Пламенка” од авторот Петре Димовски, во режија на Софија Ристевска Петрушева, која исто така веќе ја доживеа својата премиера. Следуваат: “Не се дотерувај за вечер” од авторот Марк Камолети, во режија на Марјан Георгиевски, “Госпоѓа Бовари” од авторот Густав Флобер, во режија на Дејан Пројковски, “Кориолан” од авторот Вилијам Шекспир, во режија на Џон Блондејл, “Господин Благородник” од авторот Молиер, во режија на Благој Мицевски, “Битола Шекспир Фестивал” во организација на НУ Народен театар Битола, “Ни треба пејачка” од авторот Кен Лудвиг, во режија на Ненад Витанов, “Новогодишен сон” од авторот Јулијана Мирчевска, во нејзина режија. Тука се и неколку меѓународни гостувања: со “Кориолан” ќе се гостува во Верона, Италија на “Verona Shakespeare Fringe Festival”. Ова дело за прв пат се поставува во ваква форма во Македонија, чија премиера ќе се случи на Охридско лето. Гостување со “Ричард ІІІ” од авторот Вилијам Шекспир, во режија на Мартин Мирчевски, во Тарговиште, Романија на “The 14th edition of BABEL International Performing Arts Festival”, со “Едмонд” од авторот Дејвид Мемет, во режија на Оливер Мицевски, во Подгорица, Црна Гора на “Festival of International Alternative Theatre – FIAT”.

 

 

Related Articles