И оваа година традицијата се запазува со урбаниот фестивал на култното место кај Пајнцата, „Пајнца фест“, кој ќе се одржи вечер со почеток од 21.00 ч. во Старата чаршија во Битола, на просторот зад поранешниот „Јавор“, денес „LC Waikiki“. Влезот е бесплатен, што го прави настанот достапен за сите љубители на живата музика и урбаната култура. На сцената ќе настапат Паркети и специјалните гости Кенопсија, DJ Dafina & Mustache, Misanthrope, како и прилепската група Side Quest, кои ќе понудат разновидна музичка програма и енергична атмосфера до доцна во ноќта. Организаторите најавуваат вечер исполнета со добра музика, дружење и позитивна енергија во препознатливиот амбиент на битолската Стара чаршија. „Пајнца Фест“ веќе прераснува во традиционален летен музички настан кој собира публика од Битола и поширокиот регион и е дел од Бит фест. Сите заинтересирани се поканети да бидат дел од фестивалската атмосфера и заедно да уживаат во уште едно издание на „Пајнца Фест 2026“.
