По четири Белградски арени, Владо Георгиев со голем концерт во Скопје. Еден од омилените балкански кантавтори, на 20 март 2026 година ќе одржи голем солистички концерт во Скопје. По три рекордно распродадени концерти во Белградска арена и четврт концерт на 7 март за кој побарувачката е голема. „Господски“ концерт ќе се одржи во спортскиот центар „Јане Сандански“.
На македонската публиката ќе ѝ биде претставена Господска музичка приказна што ги надминува рамките на традиционалната концертна изведба. Препознатливата комбинација од боемски сензибилитет, музичка елеганција и емоционална искреност на Владо ќе го направат овој концерт посебно искуство што ќе се памети долго време. Ве очекува врвна изведба и звук што не е прилагоден на трендовите туку на моментот.
Влезниците се веќе достапни во продажба на ddtickets.rs.

