Home » Ликовен конкурс „Битола – мојот град, моја визија“

Ликовен конкурс „Битола – мојот град, моја визија“

by culturalchat

КИЦ Битола организира ликовен конкурс „Битола – мојот град, моја визија“, чија цел е да се поттикне детската креативност и љубовта кон градот Битола, преку визии полни со фантазија и искрен детски поглед. Право на учество: ученици од сите основни училишта во Општина Битола. Учениците ќе се натпреваруваат во три категории:

  1. I – III одделение
  2. IV – VI одделение
  3. VII – IX одделение

Услови за учество:

  • Дозволени се сите ликовни техники
  • Делата треба да содржат мотиви од Битола
  • Максимален формат: 50 х 70 см
  • Секое дело треба да содржи податоци: име и возраст на авторот, име на ментор и контакт телефон
  • Рок за доставување: до 27 октомври 2025
  • По пошта на адреса: ул. Широк сокак 145
  • Лично во ЈОУ КИЦ Битола – Офицерски дом (секој работен ден од 09:00 – 19:00 часот)
  • Награди:
  • Гран При
  • I, II и III награда во секоја категорија
  • Благодарници за сите училишта и ликовни педагози

Селектираните творби ќе бидат дел од завршната изложба која ќе се постави на 3 ноември 2025 во Офицерски дом – КИЦ Битола, како дел од програмата за празникот на Општина Битола (4 Ноември).

Related Articles