Home » „Чорбаџи Теодос“ на НУ Народен театар Битола дел од годинешниот фестивал „Интерфест“

„Чорбаџи Теодос“ на НУ Народен театар Битола дел од годинешниот фестивал „Интерфест“

by culturalchat

Кога една од најпознатите македонски драми ќе се сретне со фестивал кој со децении ја слави уметноста, сцената добива посебна енергија. На јубилејното, 35. издание на Интерфест – Битола, Народниот театар Битола ја носи својата добро позната и сакана претстава „Чорбаџи Теодос“, по текст на Васил Иљоски, во режија на Дамјан Димовски. Драматург на претставата е Билјана Крајчевска. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата на Благој Мицевски.

Во претставата играат Живко Борисовски, Марија Стефановска, Александар Димитровски, Никола Стефанов, Сандра Грибовска Илиевска, Елена Моше, Никола Пројчевски, Александар Копања, Петар Спировски, Марија Цветановска. Премиерата на ,,Чорбаџи Теодос“ беше на 26.мај 2026. Напишана во 1937 година, приказната за Теодос и светот во кој живее и денес звучи неверојатно блиску. Само околностите се промениле. Човечките слабости, борбата за моќ, интересот, гордоста и потребата да се биде над другиот – остануваат препознатливи. А токму во тоа е нејзината сила: да нè насмее, да нè препознае и можеби, малку да нè замисли.
Овојпат, „Чорбаџи Теодос“ доаѓа како дел од фестивалската програма на Интерфест – празник на уметноста кој повеќе од три децении ја збогатува културната сцена на Битола. Истата ќе се изведе на 6 октомври 2026, од 20:00 часот, во Големата сала на Народен театар Битола.

Влезници онлајн на следниот линк:
https://narodenteatarbitola.com/events/teodos-interfest/

Годинешното 35 то издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ Битола беше отворено со балетската претстава „Шехерезада“ од Николај Римски-Корсаков, а во изведба на Македонската опера и балет на големата сцена на Центарот за култура.

Related Articles