Home » Театарска работилица „Мојот мал универзум“ со Билјана Крајчевска денес во Штип

Театарска работилица „Мојот мал универзум“ со Билјана Крајчевска денес во Штип

by culturalchat

Во рамките на годинешниот фестивал „Малиот принц“ во Штип, денес ќе се одржи театарска работилица „Мојот мал универзум“, работилница за театар на сенки.

Што се случува кога светлината ќе ја претвори нашата фантазија во приказна?
На фестивалот „Малиот Принц“ ве очекува креативна работилница во која децата ќе имаат можност да влезат во волшебниот свет на театарот на сенки – да создаваат ликови, да си замислуваат свои мали светови и преку светлина и сенки да ги претворат во сцена.
Работилницата ќе ја предводи Билјана Крајчевска, драматург, која низ игра и имагинација ќе ги поведе децата на едно поинакво театарско патување.
Еден свет може да биде мал колку една сенка, а голем колку една детска фантазија.

Related Articles