Home » Промоција на книгата „Човекот е целина“ во КИЦ во Скопје

Промоција на книгата „Човекот е целина“ во КИЦ во Скопје

by culturalchat

Во Културно информативниот центар – Скопје, ќе биде промовирана книгата „Човекот е целина “ од Вера Симовска , на 28. април 2026 год. во 19:00 часот,   Салон Империјал 1. За книгата ќе говори Павлина Пејковска и авторот , музичка подршка Елизабета Атанасова.

Вера Симовска е родена на 11.1.1965 г.Завршува Општа и компаративна книжевност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.Од 2008 година е со статус слободен уметник – писател и поет. Го истражува изворот на зборот; местото и влијанието на зборот како во напишаниот текст така и во живата комуникација. Последниве две и пол години ги поминува едукациите на Славица Скваер Институтут / НЛП (невро-лингвистичко-програмирање / наука за личен раст и развој) и Коучинг Академија. Работи како НЛП мастер и професионален коуч – подржувач во процесот на промена што на лесен и ефикасен начин води кон личениот успех. Ги има објавено следниве книги: „Живо слово“- поезија, „Чаша полна светлост“- поезија, „Плодна вода“ – поезија, „Понорница“- поезија за деца, „Источен хоризонт“ – цртици – паренези, „Црвена месечина“ – роман.

„ЧОВЕКОТ Е ЦЕЛИНА“

Стихот и песната се мегдан – место каде зборот поттикнат од мисли и размислувања се отелотворува, каде се се допираат некогаш некаде загубените делови на човекот кој чувствува и размислува, делови кои што се претопуваат и суптилно отвораат пат до себесопството. Поезијата е едно алхемиско искуство низ чиј процес телесните сетила, душевните страдања и духовните потреби незнаеме како, но се соединуваат во една целина што на крајот се подразбира, но не сосема, туку се насетува како смисла која се живее. Често не сме свесни за процесите низ кои се менуваме. При тоа тие се и надвор и во нас, а пезијата ни помага, не толку да разбереме колку да почувствуваме, да видиме и чуеме дека овие процеси не се само наши или дека во нив не сме сами. Збирката „Човекот е целина“ е лесен и сватлив израз на едно пролетно чистење на душата, со цел – духот да се ослободи за да може тој да ги дофати небесните височини. Небото го чека човекот, тој, човекот, да се збере во својата целина.

 

 

Related Articles