Во рамките на програмата на манифестацијата “Илинденски денови” во Битола, пред бројни учесници на фестивалот, етнолози, фолклористи и лица од фелата, во Центарот за култура Битола беше одржана промоција на реизданието на Етно албумот на Македонски народни носии.
Реизданието содржи 46 табели со исклучителни цртежи изработени од Марија Малахова и Олга Бенсон, пропратени со описи на носиите. Уредник на албумот е Вера Кличкова. Оригинално издание е од 1963 година.
Албумот е издание на Музејот на Македонија, за кој пред бројната публика и гости зборуваа директорот на Музејот, Александар Ристевски, професорот на УГД од Штип, д-р Владимир Јаневски, и авторот на проектот, Благоја Тасевски, од Музејот на Македонија.

