Home » Концерт на КУД „Илинден“ Битола по повод Денот на независноста на Македонија

Концерт на КУД „Илинден“ Битола по повод Денот на независноста на Македонија

by culturalchat

По повод 8 Септември – Денот на независноста на Македонија, КУД „Илинден“ – Битола ќе одржи целовечерен концерт. Истиот ќе биде посветен на ората и песните од Егејска Македонија – традиција која низ генерациите ги сочувала споменот, припадноста и културниот идентитет. Концертот ќе се одржи на 9. септември, среда на Платото пред Офицерскиот дом – Битола, со почеток од 20:00 часот.
Посетете го концертот и бидете дел од 35-годишниот јубилеј, преку песната и орото, да ја прославиме независноста на Македонија – нејзината традиција, култура и културно паметење.

Related Articles