Претставата за деца ,,Добрата Маја” во четврток 1.10.2026 година ќе ја има својата премиера. Оваа претстава е во продукција на најбараниот театар кој ја негува детската театарска претстава, тоа е Театар Хит Скопје.
,,ДОБРАТА МАЈА” е претстава од бајковит карактер со многу комични, педагошки, интерактивни и едукативни сегменти. Оваа претстава е посветена на правата на децата во целиот свет, но и еден многу важен дел – обврските на децата. Низ низа драмски елементи, со оргинални театарски елементи, како што е сценографија , костим, музика и реквизит, актерите во оваа претстава ќе упатат јасна порака дека секое дете во светот мора да ги ужива своите права, но дека и децата мора да ги исполнуваат своите обврски.
Во претставата играат актерите: Магдалена Ризова Черних, Сашо Ристовски и Ема Давчева.
Режијата е на Сашо Ристовски, кој е и автор на овој драмски текст. Оваа претстава ќе можат да ја погледнат дечињата ширум Македонија веќе од 1- ви Октомври, а според официјалните информации на продукцијата скоро сите термини за изведбите се распродадени.
