Најновата премиера на детската театарска школа Бабец ќе биде изведена на отворањето на „Битолино“ на 3.август, понеделник, 2026г. Во претставата со наслов „Како се станува цар“ во режија на Јулијана Мирчевска и по текст на Афродита Кирјаковска играат: Војдан Мавровски, Адријан Анѓелковиќ, Бојана Велеска, Лорензо Петровски, Фросина Доневска, Ема Дабеска, Софија Петровска, Ева Јаниќ, Вероника Кочов, Ива Лазарова, Марија Чаловска, Дамјан Дојчиновски. Сцена: Драган Ангелковиќ. Оваа година Театарската школа „Бабец“ одбележа 12 години постоење, 12 години светлина на сцена. Дванаесет години детски гласови што стануваат силни, храбри и вистинити. Дванаесет години соништа што добиваат форма, движење и аплауз. Школата ја раководи актерката Јулијана Мирчевска, дипломиран актер и магистер за откривање и работа со надарени и талентирани деца. Школата брои над 25 деца. Битолино оваа година се одржува од 3 до 7 август, кога Битола ќе биде центарот на театарот за деца во земјава и пошироко.
