Home » Со „Вечерта на млади музичари“ и концертот „Ехо од Македонија“ започна Охрид џез фестивалот

Со „Вечерта на млади музичари“ и концертот „Ехо од Македонија“ започна Охрид џез фестивалот

by culturalchat

Фестивалот Охрид џез, започна со „Вечер на млади музичари“ и концертот „Ехо од Македонија“, посветен на младите музички таленти и нивната афирмација, во прекрасниот амбиент на предворјето на црквата Св.Софија. На сцената настапија ученици и професори од ОМУ „Методи Патче“ – Охрид, заедно со детскиот хор при училиштето.
Учесници: Наум Џуклески – хармоника, Љупчо Аслимоски и Даниел Чуркоски – пијано, Мухамед Бајрам, Елица Рашкова, Кирил Белистојановски, Стефан Баракоски, Димитар Аслимоски и Димитар Јанкуловски – виолина, Миа Стојкоска – флејта, Александар Крстаноски – гитара, Детски хор при ОМУ „Методи Патче“. Тоа беше вечер во која младите го добија своето место под рефлекторите, со желба да се афирмира и промовира новата генерација македонски џез музичари, вечер исполнета со музика, младешка енергија и талент, со која се означи почетокот на овогодинешниот Охрид Џез Фестивал.Програмата на фестивалот продолжува вечер со Етно џез вечер и настапот на Сашко Костов и Орхидеја Дукова. На 29. август е вечерта на класичен џез со Дамјан Пејчиноски – гитара, Зоран Јагоридовски – перкусии, Дејан Милосавлевиќ – тапани, Гордан Спасовски – пијано, Горан Гешовски – бас гитара. На 30. август е Меѓународната џез вечер со Branko Sterpin Quartet со специјален гостин Tim Lassy (Финска). Четири вечери, различни музички приказни и една заедничка љубов – џезот.

Related Articles