Home » „Солстис – Празникот на музиката“, вечер во Битола

„Солстис – Празникот на музиката“, вечер во Битола

by culturalchat

И оваа година во Битола ќе се одржи традиционалниот франкофонски фестивал „Солстис – Празник на музиката“, во рамките на Бит фест, со кој се одбележува Светскиот ден на музиката и почетокот на летото. Настанот е дел од меѓународната манифестација Fête de la Musique, која се слави во бројни земји низ светот. На фестивалот ќе настапат музичари, хорови, ансамбли и солисти од различни музички жанрови, создавајќи празнична атмосфера исполнета со музика, дружење и културна размена во нашиот град.
Ги покануваме сите љубители на музиката да бидат дел од овој настан и заедно да го прославиме доаѓањето на летото преку уметноста и музиката.

Related Articles