Home » Промоција на видео записот за песната „Кажи, кажи, Широк сокак“ на група Деспина

Промоција на видео записот за песната „Кажи, кажи, Широк сокак“ на група Деспина

by culturalchat

Во Битола беше промовиран видеозаписот на група Деспина, битолската серенада „Кажи, кажи, Широк сокак“, песна инспирирана од вистинска љубовна приказна, која се круниса со брак. Песната премиерно беше изведена на фестивалот „Ех таа серенада“ во Битола во 2024 година, а по две години доби и видеозапис. Автор на текстот е Никола В. Ристевски, музиката и аранжманот ги потпишува Михаил Мими Марковски, а зад видео продукцијата стојат Дрим Каст продукција и 2С студио.Видеото се снимаше на Широк сокак и во студио, а во главните улоги се појавуваат битолските актери Маја Андоновска Илијевски и Кире Ѓоревски. Промоцијата се одржа во Чифлик, каде пред присутните се обратија членовите на групата „Деспина“, како и еден од нејзините основачи, Димитар Спасевски. Тој потсети дека групата е формирана во 1991 година, а со промоцијата на видеозаписот симболично беше одбележан и јубилејот 35 години активно работење. Со оваа песна и видеозапис, Битола и македонската музичка сцена добиваат уште една композиција што има потенцијал да стане дел од песнарката на најопеаниот град. Авторите порачуваат дека „Секоја голема љубов кога ќе се опее во песна, станува вечна“.Линк до видеозаписот:

Related Articles