Home » Со песни и игри по битолските улици веќе 56 години Дефилето – традиција на „Илинденски денови“

Со песни и игри по битолските улици веќе 56 години Дефилето – традиција на „Илинденски денови“

by culturalchat

Од 14. до 31.јули 56. издание на Интернационалниот фестивал „Илинденски денови“, ја претвора Битола и околината, во светски центар на фолклорот. Годинашното мото е „Точка на поврзување“, односно connection point, токму како што фестивалот повеќе од пет и пол децении е еден од најзначајните кој што е посветен на традицијата, на културата, на нематеријалното културно наследство, местото каде што се среќаваат различни луѓе, различни култури, различни традиции и различни идеи.  Тој не е препознатлив само во Македонија, туку и надвор од Македонија на другите фестивалски сцени.

Денес битолските улици повторно ќе оживеат во ритамот на традицијата. Стотици учесници од земјата и светот ќе продефилираат низ Широк Сокак, носејќи ја убавината на фолклорот, музиката и културното наследство. Почетокот е на плоштад Магнолија од18.30 часот.
Дојдете да бидеме дел од најубавата фестивалска поворка во градот.
Традицијата најсилно зборува кога чекори меѓу луѓето.

Related Articles