Македонскиот културно-информативен центар во Софија вечер ќе го одбележи 45-тиот културен настан. Во време кога културата е најсилниот јазик на разбирањето, овој Македонскиот КИЦ, продолжува доследно да ја исполнува својата мисија, односно да биде еден од најзначајните промотори на македонската култура и современо творештво надвор од татковината, простор за афирмација на современото творештво и мост што ги поврзува луѓето преку уметноста, традицијата и заедничките културни вредности. Во рамките на вечерната програма ќе биде отворена изложбата „Трансформации на структурата – од картон кон форма“ на младиот македонски уметник Давид Атанасоски од Прилеп. Неговите дела, создадени преку иновативен пристап кон материјалот и формата, сведочат за креативноста и потенцијалот на новата генерација македонски уметници. Четириесет и пет културни настани не се само бројка. Тие се 45 нови средби, 45 можности за културен дијалог, 45 претставувања на македонската уметност, литература, музика и традиција пред публиката во Софија. Тоа е континуитет што ја потврдува улогата на Центарот како препознатлива институција и важен културен амбасадор на Македонија.
„Ве покануваме да бидете дел од оваа свечена вечер и заедно да ја прославиме уметноста, младото творештво и уште едно значајно поглавје во културната мисија на Македонскиот културно-информативен центар во Софија“, истакнуваат од Македонскиот КИЦ.
