Home » Со две изложби во Белград одбележана 35-годишнината од независноста на Македонија

Со две изложби во Белград одбележана 35-годишнината од независноста на Македонија

by culturalchat

Две изложби поддржани од Министерството за култура и туризам го одбележаа почетокот на новата културна сезона во Белград.
Во КИЦ во Белград беше отворена изложбата „Визии – Глава полна со луѓе“ на големиот македонски уметник Родољуб Анастасов, со која беше одбележана 35-годишнината од независноста на нашата држава. На отворањето се обратија македонскиот амбасадор во Србија, Никола Тупанчески, директорот на КИЦ во Белград, Васко Шутаров, и кустосот советник Јасминка Намичева. Изложбата ќе биде поставена до 30 септември.
На 9 септември во белградската „Галерија 73“ беше отворена и изложбата „Бруталист“ на проф. Благојче Наумоски-Бане и Петар Новковски. Изложбата претставува ликовна концепција преку која комуницираат професорот и неговиот студент, а предизвика интерес кај белградската ликовна публика. „Бруталист“ ќе биде поставена до 15 септември.

Related Articles