Home » Свечено отворена изложбата „Урбани слики и пејсажи“ на Роберт Михајловски

Свечено отворена изложбата „Урбани слики и пејсажи“ на Роберт Михајловски

by culturalchat

Во рамките на Бит фест 2026 во НУ Завод и Музеј , беше отворена јубилејната изложба на македонско – австралискиот уметник Роберт Михајловски насловена како „Урбани слики и пејсажи“.Изложбата беше прикажана во рамките на Битолското културно лето Бит фест. Михајловски е добро познат за австралиската и македонската јавност како графичар и сликар. И по повеќе децении живот во Австралија, љубовта на д-р Роберт Михајловски кон родната Битола останува бескомпромисна. Впрочем, својот професионален живот на историчар и научник на универзитетот “Латроб” во Мелбурн, тој го посвети на истражувањето и зачувувањето на богатото културно наследство на овој град. Михајловски е истражувач и историчар на уметност, но исто така и впечатлив визуелен уметник, графичар. Љубителите на уметноста се сеќаваат кога во 2022 ја претстави својата изложба на графики “Еден друг круг”, инспирирана од “Боженствената комедија” на Данте Алигери, во Културниот Центар – Офицерски дом во Битола. Креативните почетоци ги добил токму во родниот град. Студирал историја на уметност со археологија во Скопје, Белград и Мелбурн, графички студии и сликарство во Њујорк и Мелбурн. Неговите дела се дел од повеќе изложби и колонии меѓу кои и 20.јубилејно издание на ликовната колонија „Де Ниро“ – Битола, Годишната изложба на Друштвото на ликовните уметници и многу други.На отворањето на изложбата во Битола се обратија уметникот и историчарката на уметност Лилјана Христова. Изложбата може да се погледне секој работен ден од 10.00 – 16.00 во малата изложбена сала на НУ Завод и Музеј Битола.

 

Related Articles