Home » Работилница на НУУБ. „Св Климент Охридски“ со првооделенците на ООУ. „Стив Наумов“ Битола за значењето на книгите

Работилница на НУУБ. „Св Климент Охридски“ со првооделенците на ООУ. „Стив Наумов“ Битола за значењето на книгите

by culturalchat

По повод месецот за популаризација на книгата, а посебно на македонската азбука, во соработка на ООУ „Стив Наумов“ – Битола и НУУБ. Св Климент Охридски, беше одржана работилница со учениците од прво одделение, на која се читаа бајки и се разговараше за значењето на читањето, зошто дигиталниот свет во кој живееме нè поттикнува да го избереме филмот пред книгата според која е направен, а вртоглавото динамичното секојдневие ни го скратува слободното време за континуирани средби со книгите. Сепак, ниту еден изговор не е доволно силен за да го оправда дистанцирањето од книжните извори на знаење и инспирација. Читањето книги без сомнеж го подобрува животот.„Со секое превртување на нова корица, ние навлегуваме во нови и нови светови кои ги рушат границите што си ги поставува човековиот ум. Анализирањето на размислувања и ставови кои не се поклопуваат со нашите, ни ја распламтува фантазијата и ни ја зголемува креативноста. Книгите се и „порок“ кој создава добра зависност. Колку повеќе читате, толку пољубопитни станувате“, беше истакнато на настанот.Потоа вештите рачиња на првооделенците во една весела и инспиративна атмосфера изработуваа букмаркери за книги каде се споија љубовта кон читањето и уметноста, а истовремено до израз дојде нивната креативност и уникатност за практична работа.
„Горди сме на нивниот придонес и желба да бидат дел од нешто убаво и корисно.
Голема благодарност до наставничката Јасмина Гочева и до директорот Никола Пискачев“, истакнаа од Битолската библиотека.

Related Articles