Home » „На работ зад сцената: менталното преживување во театарот“ – панел дискусија одржана во Прилеп

„На работ зад сцената: менталното преживување во театарот“ – панел дискусија одржана во Прилеп

by culturalchat

 „На работ зад сцената: менталното преживување во театарот“ е насловот на панел-дискусијата што се одржа во кафе-книжарницата „Долапче“ во рамките на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Модератор беше режисерот Милош Б. Андоновски, а учествуваа: Сања Стефановиќ – психолог и психотерапевт, Марко Трајковиќ – актер, Петар Антевски – продуцент и Ангела Стојановска – актерка.

 

Темата на менталното здравје никогаш не била поактуелна од денес, и тоа е за пофалба. На социјалните мрежи, на медиумите, во секојдневните разговори, во училниците и предавалните – сè поотворено се разговара за менталното здравје, за работата на себе и за одењето на психотерапевт.

Панел-дискусијата насловена како „На работ зад сцената: менталното преживување во театарот“ ја отвора истата тема, ставајќи ги во фокус театарските уметници, најверојатно на најзначајното место и најзначајниот момент за нив – на јубилејното 60. издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Треба ли театрите да имаат вработен психолог? Кои би биле придобивките од тоа? Кои се менталните борби и предизвици на вработените и на невработените театарџии од апскет на психолошката рамнотежа, и на приватното, и на професионалното поле?
Барањето на одговорите на овие прашања се од исклучително значење за театарската сфера зашто за прв пат, отворено, ќе се прогори и за прашања поврзани со депресијата, користењето на наркотични средства и суицидите во театарската фела.

Related Articles