Од 18 до 20 август 2026, Битола ќе биде место на книжевни средби, поезија, креативност и инспиративни разговори во рамките на книжевната меѓународна манифестација „Книжевни вертикали“, во организација на Македонско научно друштво – Битола и дел од Битфест 2026.
Во програмата се свеченото отворање, книжевни претставувања на домашни и странски автори, поетски читања, музичко интермецо, креативни работилници и поетска прошетка низ културните знаменитости на Битола, како и промоција на списанието „Современи дијалози“, тркалезната маса „Книжевноста и вештачката интелигенција: предизвици и перспективи“.
Манифестацијата завршува со „Поетско кафе“ и креативен поетски излог составен од творбите создадени за време на настанот.
Локации: КИЦ Офицерски дом – Битола, Македонско научно друштво – Битола, НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, Хераклеа, Црква „Св. Димитрија“, Стара чаршија, Книга бар Пионерски дом – Битола.
„Ве очекуваме да бидеме заедно дел од книжевната приказна што ги поврзува зборот, просторот, културата и современите предизвици“, истакнуваат организаторите.
