На 13ти Мај, (Среда) во 19:00 часот, во Центарот за култура – Битола (Горно фоаје), ќе биде отворена изложбата на учениците од Гимназијата СОУ “Јосип Броз Тито” – Битола, Никола Ќурчиевски и Бојана Стефановска под менторство на професорот по ликовна уметност Александар М.Поповски. Изложбата уште еднаш ни покажува колку талентирани млади лица има во Битола и истата е спој на модерната уметност позната како дигитална со традиционалните практики и уметности. Темата на изложбата “Лицето како огледало во фантазијата”е инспирирано од големиот број на портрети што можите да ги видите во секојдневниот живот, во фантазијата и на самата изложба.
Да им помогнеме на младите уметници да си го остварат сонот како што можеа досега со секоја линија на секој нивни цртеж да ги носи еден чекор поблиску до нивните соништа.
