НУ Центар за култура – Битола го најави гостувањето на еден од најреномираните симфониски оркестри од Народна Република Кина – Ningbo Symphony Orchestra, кој за првпат ќе настапи во Битола. Оркестарот, составен од повеќе од 100 врвни музичари, настапувал на најпрестижните концертни сцени во светот и соработувал со истакнати диригенти и солисти од меѓународната музичка сцена. Неговите концерти се препознатливи по извонредниот уметнички квалитет и впечатливите изведби на дела од најголемите светски композитори.
Концерот ќе се одржи на 14.јули со почеток од 20 часот. Билети во претпродажба: 100 денари
Ова е единствена можност битолската публика да биде дел од концерт кој претставува вистински музички спектакл и значаен културен настан.
