Cultural chat е дигитална платформа лансирана со цел да создаде иновативен простор каде што нашите читатели ќе ги дознаат сите најнови вести, критики и интервјуа во врска со филмот, модата, музиката и уметноста, но и патувањата, животниот стил и многу повеќе. Сакавме да ви ги покажеме сите прекрасни и чудесни работи што ги нуди животот, па го создадовме Cultural chat. Покрај читањето можете да се поврзете со македонските и хрватските дизајнери, културни институции, фестивали и настани. За нашата дигитална заедница Cultural chat е виртуелна дестинација за размена на иновативни идеи, откривање нови трендови и создавање содржини со кои читателите лесно можат да се поврзат.
За креаторот на оваа платформа.
Неда Маретиќ е уредник,новинар и телевизиски водител 13 години. Нејзиното новинарско искуство е стекнато со работа во Тера телевизија во Македонија, преку емисијата од областа на културата „Ритамот на градот“. Тука е работата на позначајни фестивали во Битола и регионот: филмски, музички, џез, театарски. Гости во емисиите се скоро сите
уметници од Македонија од областа на театарската, ликовната, музичката и филмската дејност, вклучувајќи го и значајниот меѓународен филмски фестивал „Браќа Манаки“ во Битола. Таа беше и ководител на македонско турската емисија која се емитуваше на Тера телевизија и турската Тек Румели( неколку серијали), водител и автор на емисии посветени на филмската уметност, емитувани на Тера телевизија, автор и водител на емисијата „Патувачкиот дневник на Неда“ и др.
Гости во емисиите:дипломатски претставници, филмски и музички работници како – Кетрин Денев, Ед Лакман, оскаровецот Роџер Дикинс , Бруно Ганц, Изабел Ипер, Викторија Абрил, Федон Папамихаил, Милчо Манчевски, Ед Лахман, Љупчо Константинов, Раде Шербеџија, оскаровецот Шон Сил, Агнес Годард , Тони Китановски, Теодосиј Спасов, Влатко Стефановски, Психомодо поп, Масимо Савиќ, Ричард Галиано, Наташа Атлас, Драган Бјелогрлиќ, Милан Калиниќ, Васил Хаџиманов, Божо Вречо, групата Ван Гог, Партибрејкерс, Мирјана Карановиќ, Томи Салковски, Роберт Насков, Дејан Димески, Александар Поповски, Кирил Џајковски, диџеј Соник, Том Боксер, Морена, Дејвид Моралес, пијанистот Максим Мрвица, актерите од битолскиот, скопскиот, велешкиот, охридскиот театар и многу други. Нејзиното портфолио ја вклучува и работата како сорaботник, новинар на Женски магазин, лице за односи со јавноста на Хрватскиот културен центар во Битола, Џез фактори фестивалот, Фестивал на музика од светот( 2018).
Денес ја проширува својата дејност од Будимпешта, беше дописник за порталот на ХРТ.„Гласот на Хрватска“, а сега работи како новинар на Хрватскиот неделник, „Хрватски Гласник“. Во 2017 година ја добива наградата за најдобар новинар од Битола, регионот и од Македонија, доделена на настанот Успешни битолчани и луѓе од регионот и Македонија, манифестација организирана од најчитаниот неделник „Битолски весник“, најстариот печатен медиум во Република Македонија. Активист е за правата на животните, член на Лајонс клуб, член на ЗНМ.и член на Интернационалното здружение за новинари.