Home » ,,Добрата Маја” нов театарски хит за деца

,,Добрата Маја” нов театарски хит за деца

by culturalchat

Претставата за деца ,,Добрата Маја” во четврток 1.10.2026 година ќе ја има својата премиера. Оваа претстава е во продукција на најбараниот театар кој ја негува детската театарска претстава, тоа е Театар Хит Скопје.,,ДОБРАТА МАЈА” е претстава од бајковит карактер со многу комични, педагошки, интерактивни и едукативни сегменти. Оваа претстава е посветена на правата на децата во целиот свет, но и еден многу важен дел – обврските на децата. Низ низа драмски елементи, со оргинални театарски елементи, како што е сценографија , костим, музика и реквизит, актерите во оваа претстава ќе упатат јасна порака дека секое дете во светот мора да ги ужива своите права, но дека и децата мора да ги исполнуваат своите обврски.
Во претставата играат актерите: Магдалена Ризова Черних, Сашо Ристовски и Ема Давчева.
Режијата е на Сашо Ристовски, кој е и автор на овој драмски текст. Оваа претстава ќе можат да ја погледнат дечињата ширум Македонија веќе од 1- ви Октомври, а според официјалните информации на продукцијата скоро сите термини за изведбите се распродадени.

Related Articles