Театарот ХИТ од Скопје, со детската претстава Црвенкапа, гостува во Домот на културата „Илинден“, Демир Хисар на 07.10 во 11 часот. Оваа хит претстава за деца, е работена според оргиналната приказна на Браќата Грим кое претставува култно дело во светската детска литертура. Целосната приказна ,,Црвенкапа” е целосно адаптирана во театарска претстава и ги задржува оргиналните делови и секако оргиналните ликови: Црвенкапа, бабата, волкот и ловџијата. Низ многу убави театарски моменти, познати за децата, оргинални костими, сценографија и музика, педагошки, интерактивни и комични моменти ќе се приреди една оргинална театарска хит претстава каде децата ќе ја слушнат и до нив ќе допре и јасно ќе биде упатена пораката на Црвенкапа, а таа гласи: ЈАС ГИ ИСПОЛНУВАМ СВОИТЕ ОБВРСКИ И САМО ТАКА ЌЕ БИДЕ ИСПОЛНЕТО СЕКОЕ МОЕ ПРАВО. САМО ТАКА МОЖАМ НА СЕКОМУ ДА КАЖАМ:ЗДРАВО!Низ претставата ,,Црвенкапа” врз основа на оргиналната приказна, се додадени елементи кои се поврзани со правата и обврските на децата. Играат: Ема Давчева, Магдалена Ризова – Черних, Сашо Ристовски и Бранко Атанасов. Сценската визуелизација е на Диди. Изработка на костими: Раде Василев, режија: Сашо Ристовски, продукција: Театар ХИТ Скопје.