Home » Во Битола ќе се одржи второто издание на саемот на книгата „Светот во страници“

Во Битола ќе се одржи второто издание на саемот на книгата „Светот во страници“

by culturalchat

Од 14 до 17 август 2026 година, под платото на Народниот театар – Битола, во рамките на БИТ ФЕСТ 2026. ќе се одржи второто издание на Саемот на книгата „Светот во страници“, во организација на Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола. Свеченото отворање е на 14 август (петок) во 19:00 часот. Саемот на книги „Светот во страници“, оваа година се проширува и добива уште поголем опфат, со учество на Македонската асоцијација на издавачи и сите издавачки куќи од целата држава.
„Нашата цел е овој саем да прерасне во препознатлива национална културна манифестација која ќе ја поттикне љубовта кон книгата, ќе ја збогати читачката култура и ќе придонесе кон унапредување на образовното ниво на нашето општество, почнувајќи од најмладите, бидејќи токму тие се нашата иднина! Посетителите ќе имаат можност да изберат илјадници наслови од сите жанрови: поезија, романи, есеистика, стручна и научна литература, книги за деца, дела од нобеловци, книжевни класици и современи автори, претставени од најзначајните македонски издавачи, а понудени по најповолни саемски цени“, истакнуваат од Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Related Articles