Home » „Азбуката говори преку нас“ во НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола

„Азбуката говори преку нас“ во НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола

by culturalchat

Јазикот е еден од најважните обележја на секој народ. Тој не само што служи за коминикација, туку е и симбол на културниот, историскиот и националниот идентитет. За македонскиот народ, кодификацијата на македонскиот литературен јазик, извршена на 2 август 1944 година, на Првото заседание на АСНОМ, претставува еден од најзначајните настани во историјата.
Благодарение на кодификацијата, македонскиот јазик доби своја азбука која беше озаконета на 5 мај 1945 година и правопис кој беше озаконет на 7 јуни 1945 година, што овозможи развој на македонската литература, образование и наука и негова употреба во сите сфери на општествениот живот.Затоа, одбележувањето на 81-годишнината од неговата македонската азбука е потсетник за колку е таа важна, а наша обврска е да ја унапредуваме и зачуваме. Кодификацијата на македонскиот јазик е од огромно значење на македонскиот народ, затоа што ја зацврсти неговата самобитност. Благодарение на овај процес македонскиот јазик денес е развиен, литератирен и меѓународно признаен. Празнувајќи го овој ден денес во НУУБ „ Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа настан под мотото „Азбуката говори преку нас“ кој започна со поздравен говор од страна на директорката на НУУБ „Св. Климент Охридски“ м-р Емилија Стефановска Дафкова и ученици од тоа училиште, за потоа да следува видео презентација за значењето на македонскиот литературен јазик, интерактивен квиз меѓу учениците, драматизација на тема „Азбуката говори преку нас“, литературно читање на авторски песни напишани од самите ученици, видео запис со кратки интрвјуа од учениците од тоа училиште, за на крај учениците да напишат акростихови за „Денот на македонската азбука“.Настанот се реализираше во весела и инспиративна атмосфера која ги отвори дамарите на сите присутни. Посебна благодарност беше истакната до наставничките Наташа Швигир и Катерина Ковачевска и до директорот на училиштето Предраг Созовски.

Related Articles