Од октомври 2023 година, Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ ги имплементираше активностите во рамките на проектот „Градиме нови мостови преку уметноста и културата“ поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје преку нивниот Младински меѓукултурен уметнички фонд дел од прокетот „Градиме нови мостови“. Општата цел на проектот беше да се зајакне капацитетот на младите на возраст од 13-15 години низ етничката поделба за промовирање на меѓуетничкиот дијалог, граѓанските вредности и борбата против дискриминацијата преку активности и иницијативи засновани на уметност и култура.Поточно, сакаа да, како што велат: да ги зајакнеме меѓуетничките односи и соработката меѓу младите на возраст од 13-15 години од различно културно потекло преку заеднички активности; да го зголемиме меѓусебното почитување и борба против етничките стереотипи и предрасуди преку развивање чувство за заедница и припадност; да ја подигнеме свеста за важноста на граѓанското учество како алатка за интеграција; да ја промовираме уметноста како медиум за меѓукултурна комуникација и меѓусебно разбирање. За да ги достигнат овие цели, спроведоа 13 работилници со различни уметнички техники, 5 посети на верски и културни објекти, создадоа ѕид со графити со порака за меѓусебно разбирање мир, толеранција и љубов во двете партнерски основни училишта и изложба на создадените уметнички дела користејќи ги уметничките техники за создавање калиграфити, мурали, линолеум, имитација на витраж и цртање на стакло и мозаик. Заедно со учесниците посетија џамија, православна и католичка црква, потоа ги посетија и Музејот и Хераклеа во Битола, како и Мечкин Камен и Македониумот во Крушево.
„Им благодариме на основните училишта „Даме Груев“ и „Ѓорѓи Сугарев“ за одличната соработка, како и на Мисијата на ОБСЕ во Скопје за дадената можност да го имплементираме проектот. ОУ Ѓорги Сугарев – Битола ОУ “Даме Груев” – Битола“, истакнуваат од Сумнал.