Со одбележување на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, се истакнува важноста на лингвистичката разновидност и повеќејазичното образование. Јазиците се незаменлив израз на човековата креативност. Тоа го знае и проф. Билјана Стојановска, која предава на Лекторатот по македонски јазик при Филозофскиот факултет во Риека, Хрватска. Од мали нозе чита, пишува бајки и друга проза, ментор е на младите ученици кои ги воведува во тајните на македонскиот јазик и култура. Таа пристигна во Риека од родната Битола, продолжувајќи да ги развива и плете македонските културни врски.Стојановска е лектор и на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при УКИМ во Скопје. Сето ова во една прекрасна приказна е прикажано во документарецот на Хрватската телевизија „Дворец од букви“, во емисијата „Малцински мозаик“. Оваа година Лекторатот по македонски јазик одбележува 16 години постоење. На крајот на часовите има дел посветен на македонската култура, во кој се прикажуваат филмови, изложби, презентации, книги. Во еден од тие часови прикажан беше и филмот за Битола, родниот град на Билјана која сама го режирала. Во емисијата лекторката зборува за своите почетоци кога пристигнала во Риека во 2018, а студентите зошто го избрале изучувањето на македонскиот јазик, за „поблиску да ја запознаат македонската надалеку позната традиција и култура“, како што самите изјавуваат. Тука е си соработката со македонското културно друштво „Илинден“. За крај во емисијата ја испеаа „Битола мој роден крај“.
Емисијата може да ја погледнете на следниот линк: