Home » JFF24 Meet the artists: Ивица Јорданов

JFF24 Meet the artists: Ивица Јорданов

by culturalchat

Повеќе реномирани џез музичари од Македонија и странство ќе бидат дел од годинешното 7.по ред издание на Џез фактори фестивалот кој ќе се одржи на сцените во Народниот театар и Центарот за култура Битола, но и во неколку кафе барови. Покрај музичките настапи дел од програмата се и годишната конференција на Асоцијацијата на Џез фестивали, промоции на книги, како и доделувањето на наградата „Гоце Димитровски“ за најдобар млад џез музичар во 2023 во соработка со Општина Битола.

Во сабота, 6.април, во Народниот театар во Битола, ќе се одржи работилницата за изработка на  гитари на Ивица Јорданов. Тој е музичар, кој изработува и свири гитари. Неговиот живот е во константна поврзаност и може да биде дефиниран низ призмата на музиката. Настапил на бројни концерти и студиски ангажмани како гитарист за разни наши изведувачи. Повеќе од 20 години држи и приватни часови поучувајќи млади и повозрасни ученици. Редовен член е на групата Морал.

„Очекувам добра гитарска дружба и добри гитарски вибрации. Ќе ми биде чест мојата работа да ја презентирам пред битолските гитаристи за кои имаа огромна почит. Битола е расадник за одлични докажани гитаристи. Ќе зборуваме за изработката на гитари, колку се важни сите компоненти при тој процес, како и мојот начин на изработка“, ни рече Јорданов.

Фестивалот се организира под патронажа на Општина Битола и партнерство со НУ Народен Театар Битола, а со поддршка на Министерството за култура и Центарот за култура Битола, како и Францускиот Институт од Скопје, Амбасадата на Полска, Амбасадата на Австрија и Генералниот Конзулат на Грција во Битола.

 

Related Articles