Home » Премиера на „Женидба“ на Андреј Цветановски во Пирот

Премиера на „Женидба“ на Андреј Цветановски во Пирот

by culturalchat

После 5 години и успешната соработка на претставата „Хасанагиница“, македонскиот режисер Андреј Цветановски повторно со премиера во Народниот театар Пирот. Се работи за претставата „Женидба“ од Гогољ, 407 премиера од репертоарот на театарот.

Последен пат „Женидба“ на штиците на театарот во Пирот се играше пред 43 години, а претставата је следеше и селекторот на фестивалот Јоаким Вујиќ. Истата во режија на Цветановски, сценографија,костимографија и видео на Сергеј Светозарев и музиката на Димитар Андоновски,  публиката ја дочека со ентузијазам, а воодушевувањето од громогласниот аплауз не го криеја ниту актерите.Во претставата играат Александар Радуловиќ, Александра Стојановиќ, Данијела Ивановиќ, Даница Митиќ, Зоран Живковиќ, Младен Милојковиќ, Милан Наков и Александар Алексиќ. Андреј Цветановски по втор пат соработува со театарот Пирот. Овој театар годинава слави јубилеј, 80 години театар и 135 години театарски живот. По повод јубилејот, досега, покрај редовниот репертоар, се изведени и две гостувања. Планираат гостување во Зајечар, како и гостување на Зајечарскиот театар во Пирот. Во април, по повод јубилејот, во галеријата „Чедомир Крстиќ“ ќе се одржи изложба на костими на Милица Грбиќ Комазец.Минатата година Цветановски ги постави „Аудиција“, на современиот руски писател Александар Галин, во Народниот театар во Лесковац , „Дон Жуан“ на Молиер  во Вршац, во театарот „Стерија“,во 2022 „Домот на Бернарда Алба“ во театарот во Лесковац, „Идиот“ од Достоевски во продукција на Новосадско позориште и многу други.

 

Related Articles