Home » „Одисеја“ со дела на Григ и Сибелиус во Македонската филхармонија

„Одисеја“ со дела на Григ и Сибелиус во Македонската филхармонија

by culturalchat

Оркестарот на Филхармонијата го одржа концертот „Одисеја“ на кој изведе дела од скандинавските композитори Едвард Григ и Јан Сибелиус. Диригент беше Кристијан Рајф од Германија, а како солистка настапи сопранистката Афродити Патулиду од Грција. Рајф е новоименуван шеф-диригент на Симфонискиот оркестар во Гавле, Шведска. Во изминатиот период тој стекна углед на светските сцени особено поради неговата природна музикалност, иновативност и висока техничка прецизност во водењето на оркестрите.

Најистакнатите моменти од минатата сезона вклучуваат и негови настапи со Симфонискиот оркестар на Синсинати, Симфонијата на Сент Луис, Симфонијата на Сиетл, Симфонијата на Милвоки, Шведскиот радио-симфониски оркестар, Филхармонискиот оркестар на Брно, како и настапот на летниот музички фестивал Grand Teton. Значаен е неговиот настап како диригент на грандиозното дело на славниот композитор Џон Адамс – „Ел Нињо“ (опера-ораториум), за кое направи свој аранжман, а кое ќе го изведува со Симфонијата Синсинати, како и со Американската модерна оперска компанија, на турнеја низ САД.

Рајф беше постојан диригент на Симфонијата на Сан Франциско, како и музички директор на тамошниот младински оркестар. Студирал со Алан Гилберт на „Џулијард“ и со Денис Расел Дејвис во „Моцартеум“ во Салцбург. Добитник е на повеќе значајни награди за диригирање.

Сопранистката Патулиду е и текстописец и фотограф, а се занимава и со сликарство и поезија. Настапувала во: Државната опера во Берлин, Кралскиот театар во Мадрид, Грчката национална опера, Берлинската филхармонија и  „Концертгебау“ во Амстердам. Живее во Берлин, а студирала во Солун, потоа на Кралскиот фламански конзерваториум во Брисел и на Универзитетот за уметности во Берлин. Таа се смета за една од најинтересните пејачки ѕвезди во подем. Нејзините улоги се позитивно оценети од меѓународната критика.

Соработувала со врвни диригенти како Барбара Ханиган, Кирил Петренко, Мануел Наври, Тито Чекерини. Патулиду беше една од првите уметници којашто зема учество во „Еквилибриум“ – Иницијативата за млади уметници на Барбара Ханиган. Таа гостува и во познатата компанија на германската кореографка и танчарка Саша Валц, а беше и главен вокал во хеви метал бендот „Игоррр“. Како композиторка, пишува во различни музички манири и жанрови. Живее во Берлин, а студирала на Универзитетот „Македонија“ во Солун, потоа на Кралскиот фламански конзерваториум во Брисел, како и на Универзитетот за уметности во Берлин. Исто така, учела и народно пеење, а свири пијано, гитара и никелхарфа. Добитничка е на повеќе значајни стипендии.

На програмата беа делата: Е. Григ: Суита „Пер Гинт“ бр.1, оп. 46 Ј. Сибелиус: “Jubal” оп.35 (арр. Јорма Панула) Ј. Сибелиус: “Norden” оп. 90 (арр. Јорма Панула) Ј. Сибелиус: “Var det en dröm” бр.4, оп. 37 (арр. Јуси Јалас) Ј. Сибелиус: “Luonnotar“ оп.70 *** J. Сибелиус: Симфонија бр. 5 во Ес-дур, оп. 82.

 

Related Articles