Во рамките на проектот We Lead The Changes на 13-ти ноември во Битола се одржа еднодневна работилница на тема „Борба против антициганизам“ наменет за жени и девојки од ромската етничка заедница во Битола. На почетокот обучувачот м-р Фатма Бајрам Аземовска ги запозна учесничките со обележја на ромскиот идентитет, историја на Ромите, разбивање на стереотипите кон ромската заедница, формите на дискриминација и антициганизам.
Претходно на 11-ти и 12-ти ноември во Битола се одржа дводневната работилница за политички систем и локална самоуправа наменет за жени и девојки од ромската етничка заедница во Битола. На првиот ден од обуката обучувачот м-р Диоген Хаџи Коста Милевски ги запозна учесниците со основите на политичкиот систем, улогата на граѓаните во политиката и нивното значење за процесот на креирање на одлуките во едно општество.
Вториот ден од обуката беше посветен на локалната самоуправа и начините на учество на граѓаните во процесот на креирање на одлуките на локално ниво. Учесниците во работилницата под менторство на обучувачот преку дебата и групна работа подготвија предлози и барања кои во периодот кој следи ќе бидат доставени до локалната самоуправа а се насочени кон унапредување на статусот на жените ромки во Битола.
Проектот е имплементиран од страна на организациите Здружение на жени Ромки – Лачо Диве и Здружение за развој на ромската заедница – Сумнал. Со финансиска поддршка од Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација „PPOMA“, во рамки на проектот „Romani women POWER OF CHANGE“ in the Western Balkans and Turkey“.