Учениците од гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола, подготвија рецитал „Поетско ќоше: Ние и револуцијата“ со нивни авторски творби и поезија од македонски поети. Настанот беше организиран во чест на 4. Ноември, денот на ослободувањето на Битола.
Рециталот се реализираше во училишната библиотека на Гимназијата под менторство на проф. Зоран Ѓуровиќ -библиотекар и проф. Даниела Петровска, проф. по македонски јазик и литература.
Авторските творби на овие млади луѓе се нова еволуција во револуцијата, затоа што еднаш годишно се одбележува 4.Ноември, но секојдневно секој од нас постојано се бори за ослободување од наметнатите неприродни општествени норми, од клаузулите кои го условуваат човекот, против ГМО, против климатските промени, против губењето на сопсвеното „јас“ во преголемата едноличност. Овие млади автори кои се гордост на Гимназијата, испраќаат пораки кои го носат бремето на нивната младост, како некогаш што пееле Рацин, Караманов, Богоевски, Неделковски, Андреевски, Матески…
Нека ни е честит 4 Ноември. Битола во срцето