Home » Награда за претставата „Лепа Вида“ во режија на Марјан Неќак во Ниш

Награда за претставата „Лепа Вида“ во режија на Марјан Неќак во Ниш

by culturalchat

На годинешното издание на Фестивалот  во Ниш, Србија, „Театар на крстопат“претставата „Лепа Вида“, а во режија на Марјан Неќак, ја доби наградата за најдобра сценска музика. Претставата е во изведба на Националното гледалиште од Копер и словенечкото постојано гледалиште од Трст, а Неќак во истата е и композитор и сценограф.

Во своето образложение жирито во состав : Васил Василев, Ненад Новаковиќ, Душан Ковачевиќ, Ирена Шаровиќ и Ирена Шариќ-Ѓуров, истакна: „Со вешто комбинирање и свирење музика, инструменти и вокал, авторот не води низ емоциите и атмосферата што ја дефинираат целата претстава“.

Драматург на претставата е Сташа Прах, кореограф Клемен Јанежич, костимограф Јелена Проковиќ, автор на видео проекција Марин Лукановиќ, светло Марјан Неќак, Вид Принчич и Амар Феризовиќ. Во претставата играат Ања Дрновшек, Рок Матек, Данијел Малалан, Блаж Поповски.

Многу книжевни дела со вградениот мит за Лепа Вида сведочат за посебното значење на митот за словенечкиот национален идентитет. Митот би требало да содржи одредени скриени потези и разорни пресврти кои се карактеристични за нашата колективна свест и нашата душа, на пр. комплексот на копнежот, архетипот на мајката, архетипот на жената, носталгијата, односот кон традицијата, односот кон она што е туѓо и кон другите, дури и бунтот. Затоа во претставата ќе се претстават и Прешерн, Цанкар, Роза и други кои го преработија митот за Лепа Вида, барајќи во него метафора за болката, оправдувањето и прошката на својата или на општеството.

Креаторите на претставата ја гледаат Убавата Вида како народна митолошка приказна за копнежот, храброста, непромисленоста, измамата, пожртвуваноста, страста и љубовта, што ќе ни помогне да одговориме на поставените прашања.Со својата едноставност и разиграност, музичко-театарската претстава, исполнета со магични чинови,  ги разоткрива темите кои во меморијата на словенечката нација се сметаат за оние кои нè карактеризираат како меланхолични, незадоволни и потчинети.

Продукцијата го следи митот во кој Вида е жена, сопруга, мајка и домаќинка која копнее, е храбра и силна и презема одговорност за своите постапки. Се разбира, таа е и тажна, измамена, лута, но сепак снаодлива и најважно – не се откажува, туку верува дека за неа има решение, дека за се има решение, дека има „Сонце“ што може да не донесе дома. Вида и креаторите на претставата веруваат во подобар свет. Иако се свесни за трагедијата на реалноста, судбината и моќта на злото, и покрај се гледаат кон хоризонтот, преку морето и гледаат како оддалеку доаѓа светло решение.

 

 

 

Related Articles