Home » Бранко Брезовец ја режира „Хамлет“ во Прилепскиот театар

Бранко Брезовец ја режира „Хамлет“ во Прилепскиот театар

by culturalchat

Во прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ се подготвува претставата „Хамлет“ од Шекспир, во режија на Бранко Брезовец.

Шекспировиот „Хамлет“ е врвно дело на англиската и на светската литература, во кое се говори за опседнатоста на данскиот принц Хамлет со идејата да се одмазди за смртта (убиството) на својот татко. На режисерот Брезовец ова му е трета соработка со прилепскиот ансамбл, по претставите „Антица“ и „Глембаеви“ и смета дека е голем предизвик да го постави „Хамлет “ на сцената.

– Со „Хамлет“ се подигнуваме на врвот во драмската писменост. Оваа претстава претходно ја работев со ансамблот во Турскиот театар во 1995 година и таа претстава имаше извонреден ориентален призвук. Тој не може да верува во задгробните пораки од татко му. Мора да види непосредно убиство, за да реагира, а не, некој да му раскажува за тоа. Во Прилеп имаме одлична поделба која се темели на Глембаеви, а тоа е некаква  варијација на Хамлет. Тука ќе биде помал нагласокот на проблемот на одмаздата, бидејќи, таа тема, во овие краеви, за среќа почна да се разретчува во почетокот на 2000-та. Во нашата претстава се работи за проблемот на честа, која  е врвен морален принцип. Овде, јасната работа не е отфрлена, но е релативизирана и како да се укажува на некои компромиси. „Да се биде или не“  како да се разлева во истовременото и да се биде и да не се биде.  „Хамлет“ ќе биде претстава  на жестока колективна игра, на цврста актерска екипа и заедничко уметничко разбирање, вели режисерот Бранко Брезовец.

Премиерата на претставата е поддржана од Министерството за култура и ќе се одржи во средината на октомври.

 

Related Articles