Home » Промовирана книгата „Мисловни патеки” на Нешат Аземовски

Промовирана книгата „Мисловни патеки” на Нешат Аземовски

by culturalchat

Во Зоолошката градина во Битола, беше промовирана книгата „Мисловни патеки” на Нешат Аземовски.

„Делата на Нешат живеат. Нешат се погрижи неговите раскази и поезија да бидат собрани во една книга. Ги пронајдов во компјутерот. Затоа сега ја промовираме  книгата“, истакна неговата сопруга Фатма Бајрам Аземовска која заедно со своите деца Леона и Даријан беа промотори на книгата.Аземовска додаде: „Настанот беше исполнет со премногу емоции, љубов, позитивна енергија и преубави луѓе, Ви благодарам на сите“. Издавач на истата е Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ од  Битола.  Уредници на книгата  се м-р Гордана Ѓоргиевска – Неделковски, м -р Зоран Јанакиевски, Илче Стојановски и Милка Котевска.

Графопром и Ротари клубот Битола Широк Сокак се најголемите пријатели на семејството Аземовски и поддржувачи на настанот. Ученичката Ангела Петровска и менторката Снежана Илијевска од ОУ „Даме Груев“ – Битола беа наградени со скромни податоци за цртежот на тема „Да ја заштитиме планетата Земја“.

На настанот обраќање имаше проф. д-р Моника Марковска – претседателка на Ротари клубот Битола Широк Сокак и директорката на ЗОО Битола Елена Мирчевска. Фатма Аземовска изјави:„ Сакам да се заблагодарам до Билјана Врчал Вачевска, Миле Спировски,     нивната  поддршка за да ја промовираме книгата и на другите членови од   Ротари Клубот Битола Широк Сокак во сеќавање на својот член Нешат Аземовски , кој несебично се залагаше за ротари целите и вредностите, донираа средства за реконструкција на бината и едно од живеалиштата за животните“.

Мислите претворени во стихови полни со емоции одекнуваа на настанот означувајќи го почетокот на нови идеи за нови проекти. Благодарение на семејството на Нешат Аземовски оваа книга има можност да стигне до читателите. Книгата е започната да се пишува пред 15 години, но никогаш не стигнала да биде објавена. Несомнено, како што би рекол и самиот Нешат, со силата небесна овие страници конечно ќе ја видат светлината на денот. Семејството верува во универзумот и дека не случајно ја пронајдоа книгата и да се промовира на неговиот 50-ти роденден. Книгата содржи голем број на кратки раскази и поетски творби кои се испреплетени со доза на филозофско размислување за секоја скриена мисла и замисла што му се преплетувале низ мислите сите тие години додека ја пишувал оваа книга, впрочем како и самиот живот.

Нешат Аземовски е човек кој ќе биде запаметен по многу нешта, а оваа книга е само уште еден дел, камче од тој мозаик кој ќе остави траен белег за едно постоење и битисување на една посебна и талентирана личност, во Битола, град кој Нешат сакаше да го направи поубаво место за живеење, не само за своето семејство, туку и за своите битолчани и сите луѓе на светот.

„Мисловни патеки“ не е само книга, туку таа претставува една вистина за човек кој си ја претчувствува својата судбина и низ овие зборови искажува многу повеќе од она што е напишано. Нешат Аземовски беше роден 1973 година во Битола.

Битолчанец кој никогаш не сакаше да живее и работи на друго место, иако ги добиваше најдобрите работни места за да работи надвор од Битола. Нешат беше човек со визија, ги знаеше работите што треба да се случат и после 10 години. Велеше дека “промената на менталната матрица е она што треба да го копираме од европските метрополи“.

Ја основаше невладината организација „Биосфера“  како борец за здрава животна средина, иницијатор на активности за еколошка едукација и активности од други области, беше промотор на вредностите на мултикултурализмот, препознатлива личност со својот активизам не само во Битола и Македонија, туку и надвор од државата. Вклучен беше во многу проекти за зачувување на планетата Земја, во кои беа вклучени многу  градинки, училишта, претпријатија, невладини организации.

Посебен интерес покажуваше за заживување на Зоолошката  градина во Битола. Така, започна со реализирање на многу проекти и активности. Зоолошката градина добива нов и модерен лик со кој привлекува многу посетители. Нешат останува да биде запаметен со неговите активности со Дедо Мраз во Зоолошката градина и  новогодишни пакетчиња  на втор факултет одбирајќи го ФАМИС Битола, на отсекот Европски интеграции и менаџирање со европски проекти. Во тој период станува неформален ментор на многу студенти со неговиот ведар дух, знаења и вештини. што ги запознава во тој период, учат од него за многу животни лекции и тој ги охрабрува сами да чекорат по патеката на животот, па така Нешат беше иницијатор за основање и други невладини организации кои денес успешно работат остварувајќи ги своите цели, благодарение на менторството и помошта која Нешат несебично ја даваше на младите.

Нешат беше еден од основачите на Ротари клубот „Битола-Широк Сокак“. Тој исто така помагаше и во ромската заедница.

„Нешат е тука со неговите мисли, со совети, со Нешадизмите. Неговите дела уште зборуваат за него. Како што велеше тој – сега е во друга димензија. Леона и Даријан се неговата копија. И нема да кажеме дека е крај“, додаде Фатма Бајрам Аземовска.

Продажбата на книгата ќе биде од  хуманитарен карактер – со собраните средства ќе се купи училишен материјал за децата од загрозените семејства  – на прво оделенците.

 

 

Related Articles