На 4-ти јули во Зоолошката градина во Битола, ќе биде промовирана книгата „Мисловни патеки” на Нешат Аземовски.
„Делата на Нешат живеат. Нешат се погрижи неговите раскази и поезија да бидат собрани во една книга. Ги пронајдов во компјутерот. Затоа сега ја промовираме книгата“, истакна неговата сопруга Фатма Бајрам Аземовска.
Промоцијата е на денот на неговиот 50 јубилеен роденден на 4-ти јули.
„Верувам дека универзумот се погрижи за се и ништо не е случајно“, додава Фатма.
Промоцијата ќе биде со почеток од 18 часот. Продажбата на книгата ќе биде од хуманитарен карактер – со собраните средства ќе се купи училишен материјал за децата од загрозените семејства – на прво оделенците.